Египет по победата над Нов Зеланд добил забрана за влез во американски град!
Имено, африканскиот тим со победата од 3-1 во Ванкувер вчера сакал да отпатува веднаш за Сител каде што треба да го играат натпреварот со Иран со цел да се скратат дополнителни патувања и играчите да добијат повеќе време за одмор.
Сепак, Египет потврди дека нивното барање било одбиено.
„Безбедносните власти го одбија барањето на тимот да остане оди веднаш во Сиетл, како што беше планирано по натпреварот со Нов Зеланд на Светското првенство и затоа делегацијата на тимот ќе се врати во Спокан“, изјави селекторот Хосам Хасан.
Спокан е градот во кој е сместен тренинг-кампот на египетските репрезентативци.
Египет по две кола има четири бода и е на чекор до пласман во следната фаза зад нив во групата следат Иран и Белгија со по два бода, Нов Зеланд е со само бод.