Меси го расплака големиот фан на Роналдо (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните светски јутјубери „IShowSpeed“ во неверување ги следеше случувањата на стадионот во Далас, каде што играа Аргентина и Австрија.

Аргентинците поведоа во 39. минута преку Лионел Меси, кој со тој погодок стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства. Меси го надмина германскиот голгетер Мирослав Клосе и стигна до бројката од 17 гола на најголемата фудбалска сцена.

Ова предизвика разочараост кај познатиот јутјубер, кој е голем навивач на најголемиот ривал на Кристијано Роналдо.

Јутјуберот на натпреварот пристигна облечен во дрес на Австрија, а за време на преносот во живо не ги криеше емоциите поради својата наклонетост кон Роналдо.

Меси до крајот постигна и втор гол за конечна победа на Аргентина од 2-0.