ЕХФ потврди: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите!
Европската ракометна куќа ги потврди учесниците за наредната сезона, еден од нив е и Вардар.
Место во Лигата на шампионите доби и Партизан кој има амбициозен проект на чело со Раул Гонзалез.
Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 26 јуни од 11 часот.