Белгија не знае за триумф на СП 2026: Иран се одбрани од „црвените ѓаволи“ (ВИДЕО)
„Црвените ѓаволи“ беа поконкретни во нападот во првото полувреме и ја имаа контролата, меѓутоа не искористија ниту една од шансите, иако создадоа дури 11 во првото полувреме. Иран постигна мајсторски гол во 25. минута, но истиот беше поништен поради офсајд на Тареми.
Идентично беше и во второто полувреме, каде што Белгија доминираше на теренот и се закануваше кон голот на Иран, но голманот Беиранванд беше одличен меѓу стативите.
Иран возврати со неколку добри шанси, меѓутоа Куртоа на спротивната страна не дозволи да се затресе неговата мрежа.
Во групата Г по два бодови имаат Иран и Белгија, додека Нов Зеланд и Египет имаат по еден поен, но уште го немаат одиграно меѓусебниот натпревар.
Фото: Facebook/Belgian Red Devils