Јамал по првиот гол на СП: Ова е неверојатно чувство, ми се оствари сонот!

Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал го постигна првиот гол на Светските првенства (СП), и тоа против Саудиска Арабија.

Јамал по натпреварот кажа дека конечно си го остварил сонот да заигра на СП, но и да постигне гол.

„Ова е неверојатно чувство. Секогаш сонував да бидам на Мундијал и да можам да постигнам гол како стартер, ми се оствари сонот“, кажа Јамал.

Фото: X/Selección Española Masculina de Fútbol