Нов пораз за одбојкарките: Македонија загуби и од Словенија во Европската лига
Македонските одбојкарки имаа водство од 12-11 во првиот сет, по што влегоа во лоша серија, а тоа знаеше како да го искористи Словенија и да слави со 25-15.
Словенија доминираше во вториот сет, додека Македонија никако не успеваше да фати ритам, па на крајот резултатот беше 25-10 за победничкиот состав.
Третиот сет беше идентичен на вториот, па така Словенија со нови 25-10 стигна до 3-0 во сетови и победа во Европската лига.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија