Бразилците ја потврдија лошата вест, Рафиња е повреден
Фудбалерот на Барселона, Рафиња се здоби со повреда, а информацијата ја потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Бразил. Бразилците потврдија дека Рафиња се здобил со мускулна повреда и засега не е познато точно кога ќе биде подготвен повторно да помогне.
Бразил покрај победата со Хаити во првото коло одигра реми со Мароко, додека во последното ќе се соочи со Шкотска.