Македонските одбојкари со убедлив пораз го завршија настапот во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши својот настап во Европската лига откако вечерва во Приштина загуби од Израел со 0-3 (19-25, 19-25, 14-25).

Израелците се без пораз во досегашниот дел од натпреварувањето на ЦЕВ, а денеска воопшто не им дадоа шанса на нашите одбојкари да се надеваат на победа. Во ниеден од трите сета, Македонија не стигна ни до 20 освоени поени што најдобро зборува за доминацијата на противникот.

Првите два сета беа речиси идентични, до втората половина македонската репрезентација беше рамноправна, а потоа Израел додаваше гас и создаваше недостижна предност. Во третиот неизвесноста траеше до 10-9 бидејќи Израел потоа направи 6-1 и мирно го приведе мечот кон крај.

Никола Ѓоргиев повторно беше најдобар играч во македонската репрезентација, со 15 поени, а нашиот национален одбојкарски тим со биланс 3/3 ќе го заврши настапот во Европската лига во долниот дел од табелата.