Роналдо денеска може да урне голем рекорд
Имено, Роналдо досега на Мундијалите во дресот на Португалија постигнал осум голови, еден помалку од легендарниот Еусебио, па така јасно е дека е многу блиску да стане најдобар стрелец на Светските првенства за Португалија.
Во кариерата Роналдо, по еден гол постигна на Мундијалите во Германија (2006), Јужна Африка (2010), Бразил (2014) и Катар (2022), најефикасен беше во Русија кога четири пати стрелаше.
Дополнителна мотивација за Роналдо може да биде и настапот на неговиот „вечен ривал“, Лионел Меси кој во првиот натпревар на овој Мундијал против Алжир постигна хет-трик.