Дали Меси требаше да добие црвен картон против Алжир? (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна хет-трик против Алжир на првиот натпревар на Аргентина на годинашното Светско првенство, но останува прашањето како ќе се одвиваше натпреварот доколку тој добиеше црвен картон во 31. минута поради преостар старт врз противникот.

Меси во 17. минута погоди за водство од 1-0, а во 31. минута судијата Шимон Марчињак му прогледа низ прсти поради грубиот старт врз Аиса Манди.

Манди го доби дуелот со Меси, а потоа Аргентинецот со ѓон го удри директно во листот на десната нога. Фудбалерите на Алжир бараа од судијата да му покаже директен црвен картон на Меси, бидејќи стартот беше над зглобот, прекршок кој во најголем број случаи се казнува со исклучување.

Сепак, полскиот судија не се реши на таков потег, а ниту неговите колеги од ВАР собата не сметаа дека Меси треба да биде испратен во соблекувалната.