Шпанија немаше решение за Возиња: 40-годишниот голман е херој за Зеленортските острови!

Репрезентацијата на Зеленортските острови направи сензација на Мундијалот и одигра нерешено против големиот фаворит Шпанија, а херој во ремито беше 40-годишниот голман Возиња.

Возиња им бранеше сè на Шпанците, а само во првото полувреме запиша неколку важни интервенции со кои ја зачува мрежата и го воодушеви фудбалскиот свет.

Искусниот голман продолжи да брани неверојатно и во второто полувреме, па мечот го заврши со седум интервенции.

Фото: Facebook/Federação Cabo-verdiana de Futebol