Сензација на СП: Зеленортските острови ги запреа ѕвездите на Шпанија!

Шпанската фудбалска репрезентација освои само бод против Зеленорските острови (0-0) на почетокот на Светското првенство (СП).

„Црвената фурија“ доминираше на теренот и се закани дури 24 пати кон голот на дебитантот на СП, меѓутоа не успеа да ја пробие одбраната.

Зеленорските острови имаа огромна шанса во судиското надополнување, но не реализираа голема шанса, па мрежите останаа да мируваат до последниот судиски свиреж.

Шпанија следниот меч го игра против Саудиска Арабија на 21 јуни, додека еден ден подоцна ќе се соочат Уругвај и Зеленортските острови.

Фото: Facebook/Federação Cabo-verdiana de Futebol