Aморим се враќа, ќе води италијански гигант

Рубен Аморим се враќа на тренерската работа и тоа во Италија на клупата на Милан, тврди Фабрицио Романо.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Португалецот постигнал договор со италијанскиот гигант кој ќе важи до 2028 година и ќе има опција за продолжување на дополнителна уште една.

За Аморим ова е враќање на фудбалот откако доби отказ во Манчестер јунајтед на почетокот на оваа година, претходно со многу успех го водеше Спортинг. Сепак, на „Олд Трафорд“ немаше многу успех.

Во Милан пристигнува на местото на Масимилијано Алегри и ќе има за цел да го врати тимот во врвот на италијанскиот фудбал. Милан во изминатата сеозна не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите ќе се натпреварува во Лигата на Европа.

Фото: Manchester United