Шкендија Арачиново по историскиот успех остана без капитенот!
Нухија преку социјалните мрежи со емотивна порака го потврди своето заминување.
„Велат дека домот не е само место, туку чувство, тоа за мене беше Шкендија, домот каде што ги направив првите чекори како дете и каде пораснав. Заедно со моите браќа почнавме патување со големо ветување да испишеме историја и денес со крената глава можам да кажам дека успеавме. Нашата Шкендија ќе игра во Прва лига и тоа беше целта, тоа беше сон кој го претворивме во реалност. Но, токму со овој историски успех, моето патување тука завршува, заминувам со полно срце знаејќи дека дадовме сѐ од себе“, објави Нухија.
Во овој момент не е познато каде тој ќе ја продолжи кариерата.