Новиот херој на Швеѓаните „удри“ на своите, па не сакаше да ги слави головите

Покрај Виктор Ѓокереш и Александер Исак, ѕвезда на првиот натпревар на шведската репрезентација на Светското првенство беше помалку познатиот Јасин Ајари.

Фудбалерот на Брајтон постигна два од петте гола против Тунис, но одби да ги слави што предизвика чудење кај љубителите на фудбалот. Сепак, причината за таквото негово однесување е прифатлива, дури и симпатична.

Ајари е роден во градот Солна во Шведска, но неговите родители се имигранти. Мајка му е од Мароко, а татко му Азуз Ајари е роден и израснат токму во Тунис што значи дека Јасин е половина Тунижанец. Фудбалската федерација на оваа африканска држава своевремено се обиде да го убеди да игра за земјата на својот татко, но Швеѓаните во последен момент го „украдоа“.