Бунт против Чеферин, 13 учесници на СП разочарани од првиот човек на УЕФА
Во заедничко соопштение федерациите на Зеленортските Острови, Курасао, Узбекистан, Демократска Република Конго, Хаити, Алжир, Тунис, Мароко, Египет, Гана, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка порачаа дека категорично ги отфрлаат ваквите ставови на Чеферин.
„Фудбалските федерации на Зеленортските Острови, Курасао, Узбекистан, Конго, Хаити, Алжир, Тунис, Мароко, Египет, Гана, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка изразуваат длабоко разочарување поради неодамнешните изјави на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во врска со проширувањето на Светското првенство на ФИФА и неговото оценување дека многу натпревари се ‘безвредни’“, се наведува во соопштението.
Федерациите истакнуваат дека за нивните земји не постои натпревар на Светско првенство што нема значење.
„За нашите држави, пласманот на Светско првенство претставува историски успех и остварување на сон што го делат генерации. Да се тврди дека некои од нашите натпревари се помалку важни е длабоко разочарувачки став кој ги игнорира трудот, жртвата и амбициите на играчите, тренерите, клубовите, фудбалските работници и навивачите ширум светот“, стои во дел од реакцијата.
— FRMF (@FRMFOFFICIEL) June 14, 2026