Курасао испиша историја, Германија броеше до седум (ВИДЕО)

Германија во натпреварот против Курасао ја запиша најубедливата победа досега на Мундијалот славејќи со 7-1.

Како огромни фаворити влегоа во натпреварот избраниците на Јулијан Нагелсман и таква беше сликата на теренот, доминираа и напаѓаа од првата минута. Резултатот го отвори Нмеча по шест минути игра.

Курсао по почетните минути малку се ослободи од притисокот и по една пропуштена прилика преку Комененсиа во 21. минута дојде и до израмнување, а за нив овој момент беше историски бидејќи го постигнаа првиот гол на Мундијалите.

До крајот првиот дел за Германија стрелаа Шлотербек и Хаверц од пенал во завршницата од полувремето. Доминацијата на Германците продолжи и во вториот дел, конечните 6-1 ги поставија Мусиала, Браун, Ундав и Хаверц кој го постигна својот втор гол.