Јаја стана тренер, ќе води клуб во Словачка

Легендарниот фудбалер Јаја Туре е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Слован Братислава, потврди словачкиот клуб во сабота. 43-годишниот Туре со тимот од главниот град на Словачка потпиша тригодишен договор.

Туре кој има 43 години со тимот од главниот град на Словачка потпиша тригодишен договор.

„Многу сум среќен и возбуден. Со нетрпение очекувам во понеделник да започнеме со работа. Сакам да го продолжам патот на успесите што клубот веќе ги изгради, но и да внесам нешто ново и препознатливо. Фудбалот е мојот живот. Сакам предизвици и исклучително сум мотивиран да водам голем клуб со богата традиција, прекрасен стадион и високи амбиции“, изјави Туре.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска за првпат самостојно ќе води сениорски тим откако ја заврши играчката кариера во 2020 година.