ФИФА продолжува со глупостите, го натера Хаити да ги смени дресовите поради - Полска
Дресовите на оваа репрезентација прикажуваа сцени од војната за независност на земјата, за кои колумбискиот производител Саета рече дека се дизајнирани „да ги прослават гордоста, борбениот дух и духот“ на хаитскиот народ и не биле наменети како политичка порака. Особено проблематично беше знамето на средината на дресот за кое во ФИФА мислеа дека е полско, во знак на благодарност на жителите на Хаити кон Полјаците за помошта од пред 220 години кога државата била нападната од војската на Наполеон Бонапарта. Од Фудбалската федерација на Хаити, како и од производителот, се обидоа да објаснат дека тоа е првото знаме на карипската држава по осамостојувањето, но образложението не наиде на добар прием во ФИФА.

„За време на процесот на преглед, ФИФА утврди дека одредени визуелни елементи можат да се толкуваат различно од прописите за дресови и на крајот бараа промени во дизајнот. Иако ова толкување се разликуваше од нашата намера, Саета ја почитуваше одлуката и ги исполни конечните барања“, напиша колумбиската компанија за спортска облека.
Хаити ја започнува својата кампања на Светското првенство во 2026 година против Шкотска в сабота, додека другите тимови во Групата Ц се Мароко и Бразил. Ова е вторпат во историјата карипската земја да се квалификува за финалето на Светското првенство, откако дебитираше во 1974 година во Западна Германија.