Хорор во Израел: Бомбашки напади од Иран прекинаа меч од полуфиналето на плејофот

Невиден хаос беше забележан за време на полуфиналниот натпревар од израелската лига помеѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим.

Дуелот беше прекинат во третата четвртина откако ракетниот оган од Иран предизвика безбедносни проблеми. Полуфиналето помеѓу овие два тима беше прекинато во текот на третата четвртина по ракетна тревога поврзана со лансирањето од Иран. Во моментот на прекинот, Хапоел Тел Авив водеше со 77-67.

Судиите веднаш ја прекинаа играта за да ги заштитат играчите, тренерите, навивачите, но и себеси во салата. По извесен период, откако се смири ситуацијата, тие ги повикаа актероите да се вратат, но играчите на Хапоел Ерусалим одбија да го доиграат натпреварот.

Се очекува водството на лигата да објави детали и можни планови за промена на распоредот. Секако, сето ова кога безбедносната ситуација ќе го дозволи тоа.