Одбојкарите со пресврт до прва победа во Европската лига
До триумфот, нашите одбојкари дојдоа по пресврт бидејќи гостите во Струмица го освоија првиот сет со 25-23. Во следните два не ѝ беше лесно на македонската репрезентација која со многу мака дојде до водство со 2-1 (25-21 и 25-20), но во четвртиот сет Луксембург снема сили и Македонија без поголеми проблеми го заклучи мечот (25-13).
Капитенот Никола Ѓоргиев со 30 поени беше прв поентер на натпреварот, додека средниот блокер Филип Савовски броеше до 11. Покрај нив Владо Милев реализираше осум поени, Лука Костиќ седум, Стојан Илиев шест, додека Филип Маџунков имаше четири поени.
Македонија идната недела патува за Атина каде го игра вториот турнир од Европската лига 2026 против домаќинот Грција и Исланд.