Специјални мерки за данските фудбалери по колапсот на Ериксен
Искусниот играч од средниот ред се струполи на тревата за време на прекинатиот пријателски натпревар на Данска против Украина. Докторот на данската репрезентација, Мортен Бесен, навести дека пејсмејкерот на Ериксен, кој му беше инсталиран откако доживеа срцев удар во 2021 година, му го спасил животот.
И директорот на Данската фудбалска асоцијација, Питер Мелер потврди дека се преземени посебни мерки за да им се помогне на шокираните членови на тимот да го надминат инцидентот.
„Се погриживме никој да не патува сам дома. Фудбалерите или ќе патуваат со родителите, семејството или едни со други како група. Исто така, знам дека (селекторот) Брајан Ример ќе им се јавува на секој играч во наредните денови и ќе ги прашува како се и дали им треба нешто“, рече Мелер.
Според извештаите од репрезентацијата, Ериксен во моментов се чувствува добро, но шокот кај фудбалерите ќе остане уште долго.