Нов удар за Барселона: Заглави изградбата на „Камп Ноу“!

Барселона се соочува со сериозен финансиски проблем со реализација на амбициозниот проект „Еспаи Барса“ затоа што заемот од 1,45 милијарди евра обезбеден преку „Голдман Сакс“ нема да биде доволен да се комплетираат сите работи околу стадионот „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми пишуваат дека раководството предводено од претседателот Жоан Лапорта признало дека буџетот е надминат и ќе биде потребно дополнително финансирање.

На вонредното генерално собрание, кое е закажано за јули, ќе се побара дозвола за зголемување на кредитната линија и обезбедување на нови средства за продолжување на градежните активности.

Дел од обновениот стадион веќе е во употреба и капацитетот е зголемен на над 62.000 гледачи, но сè уште претстојат градежни работи. Во моментов се гради уште еден дел со околу 9.400 премиум седишта и оваа фаза се очекува да трае до летото 2027 година.