Доктор откри дали Ериксен може да продолжи со кариерата (ВИДЕО)

По драматични сцени на мечот меѓу Данска и Украина, Кристијан Ериксен наскоро би требало да ја напушти болницата, а познат доктор Кристијан Ланге смета дека фудбалерот може да продолжи со спорт и во иднина.

Докторот на Одделот за кардиологија во болницата „Амагер“ во Копенхаген смета дека вградениот дефибрилатор на Ериксен си ја завршил работата.

„Дефибрилаторот реагираше и си ја заврши работата. Поминаа пет години од срцевиот удар. Тренираше, играше и се чувствуваше добро. Во животот имаше два инциденти, и тоа за време на фудбалски натпревари, но освен тоа немало проблеми. Може да видиме дека уредот функционира и нема опасност по неговиот живот. Мислам дека нема ризик, сепак  уредот функционира и така треба да биде во идинна“, вели докторот.