Американците во шок: Босанците донесоа џиновско ѓезве за „турско кафе“ во САД! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина со ремито против Панама (1-1) во Сент Луис ги заврши подготовките за СП 2-26, но резултатот остана во втор план поради потегот на нивните навивачи кој стана вистински хит во САД.

Босанците веќе масовно пристигнуваат „преку барата“ за да ја бодрат својата репрезентација, која обезбеди мундијалски пласман откако ја елиминира Италија по пенали во баражот. Атмосферата во Сент Луис беше одлична, а поддршката од трибините јасно покажа дека репрезентацијата ќе има силен ветер во грб и на самиот турнир. Сепак, најголемо внимание пред натпреварот привлече еден необичен навивачки реквизит – огромно ѓезве за „турско кафе“, кое навивачите го донесоа дури во САД.

Пред стадионот се создаде вистинска атракција, откако Босанците почнаа да служат кафе од, како што самите ја нарекоа, „најголемото ѓезве на планетата“. Многу Американци со неверување ги следеа сцените и фотографираа нешто што за луѓето од Балканот е сосема нормално – добро кафе пред важен фудбалски натпревар.