Кузмановски блесна за Кувајт - со пет гола го водеше до триумф над Ал Араби!

Македонскиот ракометар Филип Кузмановски имаше одличен настап за Кувајт во дуелот против Ал-Араби во Азиското клупско првенство и му помогна на својот тим да слави со 27-22.

Победникот беше најавен уште во првото полувреме, кое му припадна на Кувајт со 16-8, по што продолжи доминацијата на Кузмановски и колегите за да стигнат до триумф.

Кузмановски го заврши натпреварот со пет голови за Кувајт, додека Амир Денгур постигна шест погодоци за Ал Араби.

Фото: Facebook/Asian Handball Federation