Снимки кои ги загрижија Французите: Каков проблем има меѓу Канте и Мбапе? (ВИДЕО)

Непосредно пред почетокот на Мундијалот репрезентацијата на Франција се најде во центарот на вниманието поради односот помеѓу Килијан Мбапе и Н'Голо Канте во пријателскиот натпревар против Брегот на Слонова Коска во кој Французите загубија со 2-1. 

Прво се појави видеото од моментот пред почетокот на натпреварот на кое може да се забележи дека Канте поздравува неколку соиграчи, но кога доаѓа до Мбапе, изгледа како да го игнорира. Во исто време, ниту ѕвездата на Реал Мадрид не покажува никаква реакција кон искусниот играч од средниот ред.

Ситуацијата дополнително ја подгреа уште едно видео кое се шири на интернет, а дел од корисниците го поврзуваат со претходен инцидент за време на пријателскиот натпревар против Колумбија.

Според тврдењата што се појавија на социјалните мрежи, Мбапе наводно побарал од Рајан Черки да ја земе капитенската лента од Канте и да му ја предаде нему во моментот кога играчот од средниот ред влегувал во игра.