Талески ја заврши епизодата во Татабања
Искусниот бек замина во Унгарија во јануари годинава и со Татабања стигна до финалето на ЕХФ Европскиот куп каде во неделата беше поразен од Охрид. Епизодата во Унгарија завршува со крајот на оваа сезона, а засега е непознати каде крушевчанецот би ја продолжил кариерата.
„Имав фантастична можност да го носам овој дрес. Татабања можеби е мал град, но духот на ракометот е голем. Благодарност до сите во клубот и до едни од најдобрите навивачи во светот“, објави Талески на Инстаграм.
Левиот бел се афирмираше во Металург, од каде што направи трансфер во германскиот Рајн Некар Левен и освои титула во Бундеслигата и Купот на Германија. Потоа настапуваше за Балинген, а во 2020 година за првпат го облече дресот на Вардар. Со скопскиот клуб освои шампионски и куп-титули и се етаблираше како стандарден член на македонската репрезентација, за која има над 60 настапи и учества на Европски и Светски првенства.
Во 2023 година замина во Португалија и две сезони настапуваше за Бенфика, пред летото 2025 повторно да се врати во Скопје и да му помогне на Вардар и во настапите во ЕХФ Европската лига.