Контраудар од Рикелме, ако победи го носи - Родри
Прво Флорентино Перез потврди дека ако победи нов тренер ќе биде Жозе Мурињо, а веднаш потоа, во телевизиско интервју, Енрике Рикелме откри која ќе биде најголемата ѕвезда ако тој ја добие довербата од членството.
„Ако станам претседател на Реал, Родри ќе дојде кај нас. Тој е фантастичен фудбалер, освојувач на Златната топка и фудбалер каков ни е потребен во моментов“, откри Рикелме.
Тој уште еднаш изјави дека ќе се труди да има што повеќе шпански фудбалери во клубот и нема да дозволи на Реал да му се повтори ситуацијата од претстојното Светско првенство во кое нема да има ниеден негов играч во националниот тим на Шпанија.
Од признанието на Рикелме може да се заклучи дека Родри нема да стане фудбалер на Реал ако Флорентино Перез победи на претстојните избори.