Селекторот Берокал го објави поширокиот список за средбите со Ирска и Луксембург!
На списокот се наоѓаат најквалитетните 24 кошаркари во моментов, заедно со Ненад Димитријевиќ за кого до последен момент нема да се знае дали ќе прифати да го облече црвено-жолтиот дрес. Шпанецот за овие средби планира дополнително да повика и натурализирани кошаркари, со цел националниот тим да биде во најсилен можен состав за предизвиците кои следуваат.
Подготовките на репрезентацијата ќе се одвиваат во Скопје, а првиот официјален собир е закажан за 15 јуни во спортската сала „Лазар Лечиќ“. Македонските кошаркари во јули ги очекуваат последните дуели од групата „А“ од претквалификациите за ЕП 2029 и тоа против селекциите на Ирска и Луксембург. Првиот дуел ќе се игра во Скопје, додека гостувањето кај Луксембург ќе го заокружи овој претквалификациски циклус.
Македонија е лидер на табелата со четири победи од исто толку средби и теоретски ѝ треба една победа од овие пресметки за и теоретски го осигура директниот пласман во квалификациската фаза за следниот континентален собир.
ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Ненад Димитријевиќ - Баерн Минхен (Германија)
Андреј Јакимовски - Тренто (Италија)
Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Валмир Какруки - Сигал Приштина (Косово)
Резарт Мемед - Бора (Косово)
Андреј Шошкиќ – НЦАА (САД)
Павел Иванов НЦАА (САД)
Војдан Стојановски - МЗТ Скопје
Андреј Маслинко - МЗТ Скопје
Марин Петков - МЗТ Скопје
Виктор Ташовски – ТФТ
Страхил Николов- ТФТ
Стојан Ѓуроски - Куманово
Мухамед Тачи – Чаир 2030
Рубин Стефанов - Ангели
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски - Пелистер
Лука Стојановски - Пелистер
Никола Бојчев – Кожув
Теодор Симиќ - Кожув
Амар Хот - Маџари
Марко Луканоски – Маџари
Петар Бошалески - Тиквеш
Михаил Наумоски – Феникс