Нуркиќ го нападна бившиот тренер и пријател на Антиќ: Човекот е тежок алкохоличар!

Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ, упати сериозни обвинувања кон поранешниот тренер на Феникс санс, Мајк Баденхолцер, тврдејќи дека имал проблеми со алкохолот и дека атмосферата во тимот за време на неговиот мандат била далеку од нормална.

Центарот во гостување во подкаст отворено зборуваше за периодот минат во Аризона и жестоко го критикуваше начинот на работа на Буденхолцер, кој е поранешен тренер и голем пријател на нашиот Перо Антиќ од неговото време во Атланта хокс.

„Не знам дали треба да го кажам ова, но човекот беше зависник од алкохол. Навистина имаше проблеми со тоа“, изјави Нуркиќ.

Кошаркарот откри и детали за односот на тренерот со играчите, посочувајќи дека често давал необични совети дури и на најголемите ѕвезди во тимот.

„Му објаснуваше на Кевин Дурент како да постигне кош. Ако тоа ми го кажуваше мене или на некој друг играч, ќе разберам, но да му објаснуваш на Дурант како се дава кош е како на пилот да му објаснуваш како се управува авион“, рече Нуркиќ.

Тој додаде дека голем дел од играчите го сметале системот на работа за апсурден.

„Не само јас, туку на сите ни изгледаше чудно тоа што се случуваше. Имаше состаноци еден на еден на кои често ги провоцираше играчите и им зборуваше дека не знаат што прават“, додаде босанскиот репрезентативец.

Нуркиќ отиде и чекор подалеку, тврдејќи дека слушнал дека Буденхолцер имал проблеми со алкохолот и за време на неговиот претходен престој во Финикс како помошен тренер. Сепак, важно е да се напомене дека за овие тврдења засега нема јавно достапни докази или официјални потврди од Буденхолцер или од организацијата на Санс. Обвинувањата се базираат исклучиво на изјавите на Нуркиќ и на, како што самиот посочува, информации што кружеле во НБА круговите.

Буденхолцер е двоен добитник на наградата за тренер на годината во НБА и шампион со Милвоки бакс во 2021 година, но неговиот период во Финикс заврши со разочарувачки резултати и без борба за шампионската титула и покрај присуството на ѕвезди како Дурант, Девин Букер и Бредли Бил.