Втората лига ќе биде „прволигашка“ - преполна со звучни клубови!

Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во идната сезона ќе изгледа како некогаш што изгледала Првата, во неа се многу клубови кои оставиле траг во нашиот фудбал.

По денешните баражи комплетиран е изгледот на Првата и на Втората лига, а она што паѓа во очи се второлигашите.

Денеска испаднаа Пелистер и Брера, а од претходно во ранг подолу се преселија Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи. Тоа се пет големци.

Во Втората лига веќе се и клубови како Беласица, Охрид, Осогово, Тетекс, Кожуф... кои своевремено беа прволигаши. 

Идната сезона ВМФЛ според имињата ќе биде супер атрактивна, а според играта - се знае каков е квалитетот на македонскиот фудбал.

Сезона 2026/27

Втора лига: Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Брера, Шкупи, Беласица, Охрид, Осогово, Тетекс, Кожуф, Горно Лисиче, Камјани.

Прва лига: Вардар, Шкендија, Силекс, Струга, Тиквеш, Башкими, Арсими, Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново.