Лудо: НБА финалето допрва треба да почне, а еден кошаркар веќе е - шампион!

Кошаркарот Џереми Сокан ќе добие шампионски прстен без разлика дали во големото НБА финале ќе победи Сан Антонио или Њујорк.

Тој оваа сезона играше и за двата тима, сезоната ја почна во Сан Антонио, а во февруари се пресели во Њујорк. Правилата во НБА велат дека шампионски прстен добиваат сите играчи кои настапувале за тимот во текот на сезоната, не мора да биле дел од финалето.

Но, нема гаранција дека Сокан ќе го прифати прстенот доколку Њујорк загуби во финалето, сепак доколку инсистира, има право да го добие и со пораз.

Тој оваа сезона за Сан Антонио настапи на 28 натпревари пред да се пресели во Њујорк.  За Никси одигра 16 меча во регуларниот дел од сезоната и уште пет во плејофот.