Брера и Пелистер се борат за опстанок, Скопје и Шкендија (А) сакаат да влезат меѓу најдобрите

Денеска со почеток од 16:30 часот се играат бараж натпреварите за опстанок односно влез во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Брера – Скопје, Пелистер – Шкендија.

Во Кавадарци ќе се сретнат Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани ќе се борат да опстанат, а арачиновци сакаат да испишат клупска историја и да влезат во најдобрата македонска лига.

Интересно ќе биде и во Битола каде Брера ќе се сретне со Скопје. Тимот од Автокоманда сака да ја комплетира успешната сезона со враќање во најдоброто друштво, а струмичани ќе се обидат да останат таму.

Денеска се игра и еден бараж за Втора лига, Тетекс игра против Влазними. Тој дуел се игра во Ѓорче Петров.

Бараж за Прва лига

Пелистер – Шкендија Арачиново
Брера – Скопје

Бараж за Втора лига

Тетекс – Влазними