ПСЖ го спаси рекордот на италијанските клубови од 1990 година

Премиер лигата вечерва имаше шанса да влезе во друштвото на Серија А како единствена лига чии клубови ги освоиле сите три купа во организација на УЕФА.

Откако Кристал Палас ја освои Конференциската лига, а Астон Вила триумфираше во Лигата Европа, Арсенал можеше да ја комплетира „триплетата“ на Англичаните оваа сезона. Сепак, до такво нешто не дојде благодарение на ПСЖ кој на пенали го совлада Арсенал во денешното финале.

Така, со таков успех остануваат само Италијанците со својот подвиг од пред 36 години. Во 1990 година, Милан стана европски шампион, Јувентус славеше во тогашниот Куп на УЕФА (сегашна Лига Европа), а Сампдорија во тогашниот Куп на побдниците на куповите кој повеќе не постои.