Мурињо веќе го потпишал договорот со Реал Мадрид - познати се деталите!
Причината за тоа се претседателските избори во Реал Мадрид кои треба да се случат на 7 јуни.
И покрај тоа што допрва ќе се бира претседател, Жозе Мурињо потпишал договор со Флорентино Перез, ставил потпис на тригодишен договор.
Договорот официјално ќе биде објавен веднаш после изборите.
Флорентино Перез е голем фаворит во изборната трка и се верува дека би било вистинско чудо ако изгуби.
Во таков случај договорот на Мурињо за кој се зборува дека го потпишал, нема да важи бидејќи противкандидатот на Перез, Рикелме, си има свои планови.