Шокантно звучи, ама така е: Ѓоковиќ има најмногу Гренд слем победи во 2026 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има најмногу победи на Гренд слем турнирите оваа сезона.

Овој факт звучи многу чудно бидејќи Новак годинава учествува многу малку на турнирите и практично „Ролан Гарос“ е четврти на кој се појави. Сепак, тој е редовен учесник на Гренд слем турнирите и годинава има постигнато осум триумфи.

Шест во Австралија, каде што стигна до финалето, и, досега, два во Париз. Зад него е Карлос Алкараз, кој не игра на „Ролан Гарос“ поради повреда, но кој ја освои титулата во Мелбурн со што „врза“ седум победи. На истиот број е и Саша Зверев, кој победи двапати во Париз и стигна до полуфиналето во Мелбурн.

Јаник Синер, по неочекуваната елиминација во второто коло на Ролан Гарос, има шест победи на Гренд слем турнирите оваа сезона бидејќи беше поразен од Ѓоковиќ во Мелбурн, а вчера доживеа шокантна елиминација во Париз и ќе остане на таа бројка до Вимблдон.