Пелистер на домашен терен има „меч-топка“ против Алкалоид за второ место!

Eкипата на Пелистер вечерва го игра последниот натпревар од сезоната и тоа дербито против Алкалоид на свој терен, а за битолчани овој дуел е и тоа како важен.

Имено, Пелистер во овој момент е трет и со победа би се вратил на втората позиција коja може да носи директно во Европската лига. Токму затоа овој натпревар има сериозна тежина за домаќините.

Алкалоид од друга страна нема резултатски императив, меѓутоа сигурно дека ќе има мотив да се прикаже во најдобро светло во уште едно дерби.

Исто така за дел од ракометарите на Пелистер овој дуел е и последен и од наредната сезона во Битола нема да ги гледаме, Богдан Радивојевиќ, Домник Тајник и Илија Абутовиќ.

Дуелот во салата „Боро Чурлевски“ е закажан за терминот од 18:00 часот.