Фудбалерите „летнаа“ за Сараево на тестот со БиХ (ФОТО)
За избраниците на Гоце Седлоски ова ќе биде тест на силите и можност за комбинирање пред предизвиците кои следат, додека Босна се подготвува за настапот на Светското првенство.
Ќе потсетиме, капитенот Енис Барди иако се појави на собирот, сепак по прегледите отпадна од комбинација поради повреда. Македонија веднаш по дуелот во Сараево ќе замине за Истанбул каде што на 1 јуни ќе игра против уште еден учесник на Мундијалот, Турција.






