Историски подвиг: Фудбалер освои два европски трофеи во иста сезона

Фудбалерот на Кристал палас, Еван Гесан испиша историја и стана првиот кој успеал во иста сезона да освои два европски трофеи.

Сезоната репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ја почна во Астон вила, меѓутоа ја заврши во Палас. Астон вила триумфираше во Лига Европа, додека вчера Палас го победи Рајо во битката за Конференциската лига.

Гесан првиот дел од сезоната го одигра во дресот на тимот од Бирмингем и настапи на седум натпревари во Лига Европа во кои постигна и два гола со што даде свој придонес за трофеи.

Во Палас пристигна во јануарскиот преоден рок и брзо стана еден од поважните фудбалери, а во Конференциската лига на пет натпревари постигна еден гол.

Така според правилата на УЕФА кои дозволуваат вакво нешто тој сезонава стана сопственик на два европски трофеи.

Фото: Crystal Palace FC