Беше во Белград на протест против Вучиќ, па остана без повик од репрезентацијата

Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета на пријателските средби против Зеленортските Острови и Мексико, а меѓу нив не се најде напаѓачот на Унион Берлин, Андреј Илиќ и тоа ги изненади навивачите.

Медиуми од регионот пишуваат дека Илиќ е отпишан од репрезентацијата на Србија затоа што бил на големиот протест во Белград против претседателот Александар Вучиќ и актуелната Влада. Граѓаните во изминатиот период организираа неколку протести кај нашиот северен сосед, а притоа побараа предвремени избори.

Илиќ имаше многу добра сезона во Германија, односно во дресот на Унион настапи на 34 меча, при што постигна шест голови и 12 асистенции.

Фото: Bundesliga/Facebook