Синер со лесна победа го почна походот кон титулата на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-3 и 6-4 против против Клемент Табур на почетокот на гренслем-турнирот Ролан Гарос.

Синер доминираше во првиот сет и му дозволи на ривалот да освои само еден гем (6-1), додека Французинот во вториот сет заигра за нијанса подобро, но повторно загуби со 3-6.

Табур покажа најголем отпор во третиот сет, каде што освои дури четири гема, но Синер славеше на крајот со 6-4.