Манев: Подготвени сме за БиХ и Турција, одиме на победа!
Манев се врати во репрезентацијата по пауза поради повреда, а пред дуелите кажа дека секогаш ќе го даваат максимумот за Македонија и ќе одат на победа.
„Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата, затоа што секој натпревар е исклучително важен. Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што БиХ и Турција се квалификуваа на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентации со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот. Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме “, изјави Манев.
Македонија првиот меч го игра против БиХ на 29 мај, додека на 1 јуни ќе се соочи против Турција.