Титула во сенка на хаос: Газдата на Олимпијакос се степа со внукот на грчкиот премиер (ВИДЕО)
Според грчките медиуми, сопственикот на „црвените“ од Пиреја, но и на англискиот фудбалски премиерлигаш Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, влезе во жестока расправија со Григорис Димитријадис, внук на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Инцидентот се случи на скалите во ВИП-зоната, каде по кратка вербална расправија дојде и до физички дуел. Маринакис прв удри шлаканица, по што Димитријадис возврати со удар, а во целиот хаос дури му ја скина маицата на контроверзниот бизнисмен.
Снимките од скандалот експресно се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа вистински шок во Грција, но и во Англија. Според „Екатимерини“, атинското обвинителство веќе наредило детална анализа на снимките за да се утврди дали има основа за кривична постапка. Инаку, конфликтот меѓу Маринакис и луѓето блиски до владата на Мицотакис трае подолго време, но ова е првпат тензиите да ескалираат во директна физичка пресметка – и тоа среде прослава на европски успех.