Милан и Јуве приредија разочарување какво не е видено во историјата на ЛШ

Со вкупно 20 финалиња и девет титули во Купот/Лигата на шампионите на УЕФА, Милан и Јувентус се меѓу водечките тимови во историјата на европскиот клупски фудбал.

Сепак, се случи нешто што фудбалот не го видел долго време: ниту еден од двата италијански гиганти нема да биде во турнирот следната сезона.

Милан и Јуве останаа надвор од топ-4 на штотуку завршеното првенство во Серија А, поради што ќе мора да играат во Лигата Европа. Историјата покажува дека откако турнирот се викаше Лига на шампиони (1992/93), барем еден од двата тима отсекогаш бил меѓу учесниците.

Ниту „росонерите“ ниту „бјанконерите“ не беа дел од најсилниот клупски турнир во сезоната 1991/92. Во тоа време (1990/91), Јувентус заврши седми во Калчо, а Милан (кој заврши втор) отслужуваше забрана на европските турнири поради одбивање да го игра натпреварот против Марсеј во четвртфиналето на Европскиот куп во пролетта 1991 година.