Олимпијката Рељиќ се закити со сребрен медал на силен турнир во Луксембург!
Нашата олимпијка до финалето стигна со три убедливи победи. Таа во првото коло ја совлада Германката Изабел Гифер со 2-0 во рунди, додека во вториот круг беше подобра и од Сабин Изебел од Луксембург, исто така со максимални 2-0. Македонката и во полуфиналето продолжи во ист ритам и со 2-0 во рунди ја победи Германката Сомаја Ебнутабим, со што обезбеди место во големото финале.
Рељиќ во борбата за златниот медал беше поразена од Бразилката Македо (0-2), но и покрај тоа оствари уште еден значаен резултат на меѓународната сцена освојувајќи го среброто на силниот турнир.