Кејн со хет-трик го распарчи Штутгарт, Баерн го освои германскиот Куп (ВИДЕО)
По првото полувреме во кое немаше голови, Кејн во 55. минута го отвори резултатот и стрелаше за 1-0.
Напаѓачот на баварскиот гигант го зголеми водството во 80. минута (2-0), додека хет-трикот го комплетираше од пенал во втората минута од судиското надополнување.
Кејн беше извонреден оваа сезона и постигна 66 голови во сите натпреварувања, а Баерн ја освои двојната круна.
Фото: FC Bayern München/Facebook