Алкалоид го декласира Бутел на последниот меч во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид триумфираа со 37-21 против Бутел во последниот натпревар на домашен терен кој го одиграа во плејофот од Суперлигата.

Алкалоид направи исчекор на самиот старт и до полувреме водеше со 19-11, по што Бутел не успеа да ја врати неизвесноста во вториот дел, а избраниците на Кире Лазаров дополнително го зголемуваа водството до конечни 37-21.

Најефикасен во победничкиот тим беше Улфар Тордарсон со осум голови, додека Мице Шилегов постигна пет погодоци.

Во плеј-аутот, Пелистер 2 одигра возбудлив натпревар против Струга и славеше со 40-29.

Фото: Facebook/RK Alkaloid