Брегалница го доби пехарот за титулата во Втората лига

Екипата на Брегалница обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига по денешниот триумф против Победа со 7-0.

По завршувањето на натпреварот, на стадионот во Штип се одржа мала церемонија на доделување на шампионскиот пехар на домашниот тим.

Клубот им додели благодарници на сите членови на стручниот штаб и на градоначалникот на Штип, а потоа го примија пехарот од членот на Управниот одбор на ФФМ, Димитар Џонов кој е роден токму во Штип.