Тухел го објави списокот на Англија, извисија неколку ѕвезди! (ФОТО)
Хари Мегваер уште во текот на вчерашниот ден потврди дека нема да биде дел од составот на Англија, признавајќи дека е шокиран и изненаден од таквата одлука. Но, покрај него на списокот ги нема уште: Кол Палмер, Фил Фоден и Арнолд.
Тухел пред комплетирањето на составот разговарал со секој фудбалер поединечно, па токму затоа и во јавноста уште пред објавувањето на конечниот список се појавуваа информации.
Исто така англискиот селектор порача и дека на 1 јуни пред јавноста ќе ги образложи своите одлуки. Англија Светското првенство го отвора со натпревар против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра уште против Гана и Панама.

Фото: The FA